Интегрален текст на соопштението упатено до јавноста од страна на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Лозово:
“За нештата да станат појасни!!!
45.359 ЕВРА, ќе ги чини граѓаните реконструкцијата на оваа улица!!!
Бидејки градоначалникот е крајно нетранспарентен и не ги објавува сумите на склучените договори, чувствуваме потреба да ги дообјасниме работите и да ја објавиме сумата на која е потпишан договор за асфалтирање на дел од улицата Октомвриска Револуција.
Ќе поставиме и неколку прашања, на кои градоначалникот како и секогаш најверојатно нема да одговори, но затоа граѓаните сами нека проценат.
ЗОШТО АСФАЛТОТ ВО ЛОЗОВО Е СО ЗНАЧИТЕЛНО ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ТОЈ ВО КАРБИНЦИ???
Истата фирма во рок од два месеци склучила договори за асфалтирање на улици, еден со општина Лозово и еден со општина Карбинци, но асфалтирањето на улицата во Лозово е со значително повисоки цени во споредба со цените за асфалтирање во Карбинци.
Во точка еден од пресметката во договорот стои “Геодетско снимање, обележување и осигурување на трасата од улицата” за 392.86 метри должни, а градоначалникот во својата објава напишал дека асфалтирани се 400 метри.
Во точка седум од пресметката во договорот стои набавка и транспорт на ссфалт 2.796 квадрати.
Ако се подели 2.796 квадрати асфалт на 392 метри долга улица се добива ширина на улица од 7,11 метри.Дали улицата во целата своја должива е широка 7,11 метри, или е направена манипулација со квадратурата на асфалт?
Во Карбинци асфалт 423 денари од квадрат, во Лозово 579 денари од квадрат! 156 денари разлика од метар квадратен!!!156 х 2796 м2 = 436.174 денари разлика!!!8.368 ЕВРА со ДДВ само разлика во асфалтот!!!
Во Карбинци ископ и утовар 60 денари од кубик, во Лозово 186 денари од кубик! 126 денари разлика од метар кубен!!!126 х 836 м3 = 105.336 денари разлика!!!2.021 ЕВРА со ДДВ само разлика во ископ и утовар!!!
Во Карбинци тампон 605 денари од кубик, во Лозово 827 денари од кубик!222 денари разлика од метар кубен!!!222 х 836 м3 = 124.320 денари разлика!!!2.385 ЕВРА со ДДВ само разлика во ископ и утовар!!!Само разлика во цена околу 13.000 евра!
Дали градоначалникот има земено провизија?Дали има склучено и анекс на договорот, со кој се зголемува вредноста на договорот?
Народот е мудар, народот нека суди, народот нека расудува и на крај своето да си го каже на избори!”


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Директор на јавното претпријатие во Македонска Каменица осомничен за злоупотреба на службената положба и овластување
32 годишен штипјанец нападнал референт во ЈП “Национални шуми”
Кривична за 56 годишен беровец кој поттикнувал омраза на социјални мрежи