Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска на прес конференција од партиското седиште ги пренесе позициите на опозициската партија во однос на пропаднатиот процес за носење на измени на изборниот законик во Македонското собрание, согласно препораките на релевантните меѓународни инстанци на ОБСЕ и ОДИХР.
Според Николоски владеачките партии иако декларативно се залагале за имплементација на мерки за подобрување на изборниот процес тие во суштина го осуетиле самиот процес во собранието со што ќе се оди на избори без да бидат третирани забелешките на ОБСЕ и ОДИХР што го доведува до прашање кредибилитетот и регуларноста на изборниот процес за претстојните Локални избори.
Двете барања со кои што ВМРО-ДПМНЕ влегле во самиот процес за носење на измени на изборниот законик биле доследна имплементација на забелешките на ОБСЕ и ОДИХР и избор на Градоначалник во само еден изборен круг на Локалните избори.
Дополнително ВМРО-ДПМНЕ ги прифатиле барањата на помалите коалициски партнери на Зоран Заев во власта (ЛДП, ДОМ, ДС) за отворени листи од кои што подоцна самите ретерирале.
Целата прес конференција на Александар Николоски во врска со сите аспекти на пропаднатиот процес за носење на измените на изборниот законик во собранието погледнете ја во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата
Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина
Николоски: Автопатот Прилеп-Битола се гради со силен интензитет. Пелагонија ќе добие модерен автопат по сите стандарди за нов економски развој и посилна иднина на регионот