БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Владеењето на СДСМ во Штип е одлика на владеењето на СДСМ во државата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешната прес конференција, Иван Јорданов кој што е номиниран како кандидат за градоначалник на Штип од редовите на ВМРО-ДПМНЕ ги повика на одговорност актуелните функционери на СДСМ за лошото менаџирање на општината Штип во изминатите 4 години.

Според Јорданов одговорноста за нереализираните ветувања за штипјани најпрво ја носи Благој Бочварски кој да избегне соочување со граѓаните за неговите излажани ветувања побегна во министерската фотелја за да на фиктивен изборен циклус кон крајот на минатата година во градфоначалничката фотелја седне Сашко Николов.

Тоа според Јорданов се двајца градоначалници на СДСМ со ограничен капацитет кои што се најодговорни за поразителните состојби во сите сфери на живот во Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Во продолжение во целост ја пренесуваме прес конференцијата на пратеникот Иван Јорданов кој ќе ја трка трката за избор на градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на претстојните локални избори во Штип.

“Како СДСМ управува со државата, најдобро се виде преку состојбите во Штип. Знаејќи дека на редовните локални избори ќе доживееат пораз во Штип, знаејќи дека, поради неспособност на Бочварски ќе заврши неговата кариера, одеа до степен минатата година да организираат предвремени локални избори, со кои ќе го сокријат и ќе се амнестираат од неработењето во најголемата општина во истокот.

За да се намали одговорноста од лошото, неспособно и криминално менаџирање на Бочварски, СДС креираа фиктивен изборен циклус.

На истиот, без против кандидат, локалниот огранок на партијата на власт, со чочек и незаконско отворање на локали, славеше пирова победа, од која се роди уште понеспособна гарнитура за управување со нашиот град. Изминативе четири години, како резултат на ограничениот капацитет на дури двајца градоначалници, изгубивме драгоцено време и неопходни средства, а младите и сите граѓани на Општина Штип се “удавија” во неостварените очекувања од мегаломанската и неостварена програма на двоец Бочварски-Николов. На чекор пред новите локални избори, штипјани сфатија дека не добија посакувана гасификација, жичара на Исарот, Спортско рекреативен центар во Суитлак со сала за борење и бокс, изманипулирани се со градба на брана на река Отиња, нема ниту една инвестиција-домашна или странска, младите не само што не се вратија и не добија младинска гаранција за сигурно вработување после завршување на образованието, туку забрзано бегаат од нашиот град.

Kако резултат на владеењето на СДС и двоецот Бочварски-Николов, Штип е приватизиран од нивните фамилии, па така едни добија градба на приватни згради на атрактивни локации како и безброј државни тендери, а други пак заобиколувајќи ги законите, оставија повеќе од 300 граѓани во социјален ризик, без работа и основна егзистенција.

Таков Штип не ни е потребен. Јас го гледам Штип со напредна, креативна и развиена економија, преку која младите ќе си ги остваруваат своите соништа. Јас го гледам Штип со бројни содржини паркови, велосипедски и пешачки патеки, терени за домашните миленици, детски и спортски игралишта, преку кои ќе ја промениме перцепцијата за социјален живот на моите сограѓани. Јас го гледам Штип со изградени главни булевари, со решени водоводни проблеми во градските и приградските населби. На штипјани и се потребни катни гаражи во централното градско подрачје, градинка за жителите од приградските средини, центар за грижа на деца со посебни потреби како и довршување на домот за стари лица.

Тој потенцира дека Штип заслужува да биде место каде сите жители ќе уживаат во секојдневието, ќе располагаат со доволно финансии за нормален живот.

Таков е мојот град, не само во мојата визија, туку и во соништата на моите сограѓани. Сега е времето кога можеме да ја извојуваме промената и заеднички да го изградиме и соочуваме најперспективниот центар во Источна Македонија.”

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace