Денешниот ден помеѓу народот позната како Велика сабота, во Делчево и целиот регион околу се чествува со најголемо внимание и пиетет. Во претходница на очекувањето на Христовот Воскресение верниците од Пијанечко-Малешевскиот крај од изутрина подготвени се упатуваат во црковните храмови кои што се присутни во секое населено место.
Во Делчево православни верници се упатуваат кон градската црква “Пресвета Богородица” каде ги чинат сите верски адети кои што од колено на колено, од генерација на генерација се пренесуваат како завет за опстој на идентитетот на овој народ.
Велика сабота ден од Страдалната Седмица. Според источното христијанство тој е осми ден од Страсната Седмица, односно 7 дена по Лазаровата Сабота и шест по Цветници. А според западното христијанство тој е седми ден од страсната седмица, односно шест дена по Цветници.
Велика сабота е посветена на споменот на пребивањето на Исус Христос во гробот, и Неговото слегување во адот. Сабота, значи покој. Велика Сабота е ден на покојот, ден на Покојникот, ден на Најголемиот покој и на Најголемиот Покојник. Тоа е денот меѓу смртта и воскресението, меѓу Петок и Велигден, денот што ги спојува распнувањето и радоста. Денот на Големиот Покој е времето кога Христовото тело е во гробот. Покојникот е внатре од вчера. Овој е втор ден на христијанската жалост, тага и молк. Ден на длабоко молчание, созерцание и покој. Сабота е денот на оплакувањето на Покојникот.
Тогаш, Христовата Мајка – Пресветата Богородица и жените мироносици, по погребението, го оплакувале Исуса Христа. Денес на овој ден се изразува болката, тагата и жалоста на Пресвета Богородица. Велика Сабота е определена како Ден за чување на гробот.
Во Македонија некои на Великата сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна. Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта, околу полноќ, се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце. Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата.
Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат. На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание