На 15 август во 1991 година фронтменот Курт Кобејн на тогаш бендот во светски подем Нирвана на својот концерт кој што го имаа во Рокси театарот во Лос Анџелес ги покани присутните фанови да земат учество во снимањето на првиот спот на бендот.
Снимањето на спотот беше закажано два денови по концертот а на локацијата се појавиле неколку стотици фанови.
Снимањето на спотот за песната Smells like teen spirit (Мириса на тинејџерски дух) било закажано за 17 август пред точно 20 години и тоа било едно сосема ново искуство за љубителите на рок музиката како и предизвик за продуцентската екипа. Спотот е снимен со буџет од 30.000-50.000 долари во локална училишна сала. Во спотот се појавува и Бартон Ц. Бел фронтмен на индастријал метал бендот Fear Factory а режисер на спотот е Самјуел Бајер.
Песната Smells like teen spirit е првиот хит сингл од антологискиот албум Nevermind на Нирвана кој што за многумина светски музички критичари и глобалната армина на фанови на бендот е албум кој е камен темелник на цело едно рок движење на младите генерации во 90-тите.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Луѓето се враќаат на Месечината за само 3 дена!
Бојана Скендеровски со концерт во Штип: Огнен Здравковски и Коки Јанков специјални гости
„Еј жено, храбро срце носиш“ – новата емотивна балада на Елена Велевска со моќна порака за жените