БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Намалената излезеност на изборите и апатијата на граѓаните може да доведе до победа на Зоран Заев и продолжување на неговите политики

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Пред официјалниот почеток на кампањата за октомвриските локални избори, резлтатите од редовниот политички барометар на агенцијата „Брима“ за политичките ставови на населението во земјава, покажуваат дека 44,2 отсто од граѓаните „многу веројатно“ дека ќе излезат на гласање, а 30,5 проценти дека „веројатно ќе излезат“.

Во последната анкета на Брима најпопуларен политичар во државата е премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев со 11,8 проценти од поддршката на анкетираните. Тој убедливо води пред лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој ужива 7 отсто популарност. Меѓу етничките албански политичари, пак, „трката“ е нешто потесна, каде лидерот на ДУИ, Али Ахмети со 5,9 проценти и првиот човек на БЕСА, Биљал Касами со 4,4 отсто го предводат „дуетот“ во власта, пред опозиционерите Зијадин Села од Алијанса за Албанците со 4,1 отсто и Африм Гаши од АЛтернатива со 0,4 проценти.

Според анкетата, доколку парламентарни избори се одржат сега, за СДСМ би гласале 19,5 проценти од испитаниците, а за ВМРО-ДПМНЕ 17,5 отсто. За ДУИ се определиле 7,2 проценти, а за Алијанса за Албанците 6 отсто. За Движењето БЕСА и за Левица по гласале по 4,7 отсто, последна на листата со рејтинг од над 1 процент е ДПА, за која би се изјасниле 1,1 процент од анкетираните. Сите други партии имаат подрршка под 1 процент.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Барометарот покажува и дека 3,7 проценти од анкетираните изјавиле дека нема да гласаат или „ќе пуштат неважечко ливче“ на изборите, други 12,7 отсто сѐ уште не одлучиле за кого ќе гласаат, дека нема да гласаат се изјасниле 9,3 отсто анкетирани, 3,7 отсто не знаат дали ќе гласаат, а оние кои одбиле да одговорат на ова прашање се 7,3 проценти од испитаниците.

На прашањето „Генерално земено, дали мислите дека работите во нашата земја се движат во правилна или погрешна насока?“, близу две третини од испитаниците или 62 проценти насоката ја оценуваат како „погрешна“, додека за една третина или 31,5 проценти насоката на движење е „правилна“. Останатите немале став или не сакале да го кажат.

Запрашани, гледано една година наназад, „Дали сметате дека економската ситуација во вашето домаќинство е подобра, речиси иста или полоша отколку пред една година?“, за 11,9 проценти состојбите се „подобриле“, за речиси половина од испитаниците или 48,9 отсто состојбите се „исти како и лани“, а за 35,8 проценти ситуацијата „се влошила“.

Според ваквите бројки посочени во анкетата може да се заклучи дека и покрај лошите политики на Зоран Заев и СДСМ придружувана со ДУИ и со БЕСА, може да се случи факторизација на нивните и така штетни политики да продолжат и понатаму да ги реализираат доколку изборниот резултат на локалните избори им оди во прилог.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace