БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

За разлика од Горан Трајковски, Д-р Николчо Стојменовски ветува максимална транспарентност на општина Делчево во наредните 4 години

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кандидатот за градоначалник на општина Делчево Д-р Николчо Стојменовски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ денеска во јавноста презентираше еден значаен проект од неговата предизборна програма за развојот на општина Делчево како вистински сервис на граѓаните на општината.

Станува збор за проект за интегрирани серија мерки со кои што од една страна ќе се подобрат условите за работа на сите вработени во ЕЛС Делчево, а од друга страна граѓаните ќе добија поквалитетна и побрза јавна услуга од самите вработени и сето тоа ќе биде направено на максимално транспарентен начин за целокупната јавност во општината.

Инаку наспроти овие определби на Д-р Николчо Стојменовски за максимална транспарентност на општина Делчево, познато е досегашното максимално затворено за медиуми работење на актуелниот градоначалник Горан Трајковски кој со јавноста во изминатите 4 години со јавноста комуницираше единствено преку ненајавени и затворени прес конференции на кои не можеа да присуствуваат критички настроени медиуми, како и преку неговата фејсбук страна каде постои систем за модерирање на коментарите на граѓаните кои сакаа да искоментираат нешто што е поврзано со работата на Горан Трајковски.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Поради ваквата пракса на досегашниот градоначалник Горан Трајковски, во јавноста останаа неодговорени многу прашања кои што се од суштинско значење за стандардот за живеење на делчевчани.

Така на пример останаа неодговорени прашањата поврзани со ветените и нереализираните проекти од програмата на Горан Трајковски од 2017 година:

  • Од кои причини општината предводена од Горан Трајковски не успеа да изготви проект за водоснабдување на Голак?
  • Од кои причини не се заврши со изградбата на фабриката за вода на Брана Лошана?
  • Од кои причини не се рреализираше изградбата на Кејот на река Брегалница?
  • Од кои причини не се реконструираше прифатилиштето во Делчево?
  • Зошто не се изградија улиците во Ѕвегорска Река во изминатите 4 години?
  • Зошто се чека да се случи ( не дај Боже) некоја несреќа со нереконструираниот мост на река Брегалница на ул. Индустриска?
  • До каде е целосната замена на азбест-цементните цевки?
  • Зошто Горан Трајковски се откажа од изградбата на патот Делчево-Црна Скала? Дали ќе го заборави истиот и во наредниот 4 годишен мандат доколку пак стане градоначалник?
  • Дали жителите на населба Први реон и во наредните 4 години ќе ги одмине изградбата на деловите на ул. Разловечка, изградбата на ветената атмосферска канализација или ветената канализација за домовите кои што во 21 век се уште ја немаат?
  • Горан Трајковски како градоначалник платен од парите на сите граѓани исто така е должен во јавноста да им одговори на жителите од населбата Втори Реон зошто не го изгради спортското игралиште и детскиот парк и зошто се уште водоводната линија на ул. Ванчо Прќе поминува низ дворовите и под куќите на граѓаните на Втори реон?
  • Секако и жителите на Трети реон треба да знаат зошто Горан Трајковски заборави да го изгради спортското игралиште на м.в Чуката во Маџир Маало или зошто не е реконструиран објектот викан Домот кој што Горан Трајковски ветуваше дека ќе биде катче за пензионерите?
  • Жителите пак на населбата Ново Делчево се уште очекуваат одговори зошто не се вршеше чистење на реката Габровчица во изминатите 4 години и зошто се уште спортската сала кај градскиот стадион е објект во кој може да се снимаат хорор филмови?
  • Поради избегнувањето на критички настроените медиуми од страна на Горан Трајковски во изминатите 4 години, жителите на населбата Милково Брдо никогаш нема да дознаат зошто не беше изграден ветениот дел од регулацијата на река Габровчица која што минува низ дел од населбата.
  • Исто така за жителите на руралните места остануваат неодговорени прашањата:
  • Oд кои причини не се реализираше изградба на водовод во село Ѕвегор и регулација во село Вирче?
  • Зошто не се уреди Мановски Ендек во село Габрово во изминатите 4 години?
  • Зошто не се изгради ветеното детско игралиште и не се направи уредување на археолошкиот локалитет Тврдина во село Град?
  • Жителите пак на село Тработивиште и ден денес прашуваат што стана со изградбата на патот до Светите Води, со изградбата на детското игралиште или решавањето на проблемот со дивите депонии во селото?
  • Жителите на Разловци пак имаат најмногу неодговорени прашања за кои што градоначалникот Горан Трајковски не смогна сили да ги одговори јавно и транспарентно како што ветуваше во 2017 година: Зошто не се реконструираше зградата на подрачното училиште, кои се причините за нерешениот проблем со водоснабдувањето на селото, кои беа причините што не се реконструираше патот на влезот од селото или пак поради што се уште дивите депонии стојат негибнати од страна на надлежните во селото кое е нагрдено со истите?

Се чини листата на неодговорени прашања е голема, и секако одговорот на истите е во интерес на граѓаните на Делчево

Наспроти Горан Трајковски кој се уште има шанса да ги одговори овие прашања пред изборите на 17 октомври кандидатот за градоначалник на Делчево од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Николчо Стојменовски за наредните 4 години ветува максимално транспарентна и јавна работа на општинската администрација и него како градоначалник на сите граѓани.

“Општина Делчево ќе биде отворена општина за сите луѓе. Нема веќе да држиме поедини групи на граѓани изолирани од општинската администрација. Ќе ги отклучиме заклучените врати на општинската администрација а долгите листи за чекање за состанок со службените лица ќе бидат минато. Достапноста на секое службено лице за граѓаните ќе биде на највисоко ниво. Истовремено општина Делчево ќе биде отворена за целокупната делчевска и Македонска јавност, како и сите заинтересирани медиуми. Особено внимание ќе насочиме кон обезбедувањето на јавноста и транспарентноста на работата на ЕЛС Делчево како и сите локални институции. Задолжително ќе воведеме јавен и транспарентен систем за менаџирањето на јавните буџетски сретства во директна соработка со сите граѓани. Ќе овозможиме јавен и транспарентен систем за верификација на успешноста на работата на службените лица. Во постојана и интензивна комуникација со бизнис секторот ќе обезбедиме стабилен и долгорочен стратешки развој на општина Делчево.”

-најави во јавноста Д-р Николчо Стојменовски на кој начин ќе ја раководи општина Делчево во претстојниот период доколку граѓаните на Делчево му ја дадат довербата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace