БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Ковачевски и СДСМ ја зголемија цената на струјата за 50% кога 500 000 граѓани живеат со по 150 мкд на ден

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

“Ковачевски ја зголеми струјата за граѓаните за 50%, во услови кога 500.000 луѓе живеат со по 150 денари на ден.

Народот се потешко ги плаќа сметките, а дуото Ковачевски најавува ново покачување на цената на струјата

Нашите сограѓани кои пред нецела година плаќале во просек 3.000 денари месечно за струја, сега заради Ковачевски плаќаат и по 4.500 денари.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Дотолку полошо ќе биде во текот на грејната сезона, кога голем број на семејства се греат на печки на струја.

Ударот од власта е и врз приватниот сектор. Бизнисите со Ковачевски и антимакедонската СДС плаќаат и по 400% поскапа струја, сега во споредба со лани.

А, во однос на минатата година доколку се погледнат статистиките на ЕВРОСТАТ ќе се види дека македонските фирми плаќале двојно поскапа струја во однос на фирмите од околните држави.

Со антимакедонската СДС и Ковачевски се повеќе наши сограѓани нема да можат да си ги платат месечните сметки, и се повеќе фирми нема да бидат конкурентни на пазарите надвор или ќе ставаат клуч на врата. Затоа е потребно што побрзо оваа власт да си замине. Предвремени парламентарни избори се решението за излез од енергетската криза, со која антимакедонската СДС и Ковачевски не знаат да се справат.”

-Извор: ВМРО-ДПМНЕ

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace