Државна изборна комисија денеска го усвои Извештајот за поднесените приговори на постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите. Од ДИК информираат дека разгледувањето на приговорите ќе почне во текот на утрешниот ден.
Во предвидениот рок до ДИК беа поднесени вкупно 46 приговори.
Најмногу приговори поднела ВМРО-ДПМНЕ 43 и по еден од ТМРО, Алијансата на Албанците и Левица.
ДИК е должна да реши по приговорите на кандидатите во постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултати од гласањето, во рок од 48 часа по приемот.
Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
Вториот круг на локалните избори ќе се одржи на 29 октомври


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Перински: Започнуваме нов стратешки процес за зајакнување на меѓуопштинската соработка
Божиновска: Зелената транзиција не може без жените – поддржете повеќе проекти водени од жени – порака од глобалниот настан на ЕБРД по повод Денот на жената
Николоски на министерски состанок во Вашингтон: Реализираме огромен инвестициски циклус од неколку милијарди евра на коридорите