БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Бочварски и другарите организираа погреб на својот против кандидат Илчо Захариев (Видео)

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Почетокот на кампањата за вториот круг за градоначалник кандидатот од СДСМ-Штип Благој Бочварски ја започна на морбиден начин. Имено, на социјалните мрежи се појави видео клип на кој еден од неговите другари и верни поддржувачи на СДСМ по име Сафет Али изјавува како посакува смрт за градоначалникот Илчо Захариев со зборовите „Бог да го просте градоначалникот Илчо Захариев нека му е вечна слава“.

Видеото брзо се рашири по социјалните медиуми при што од коментарите на граѓаните на Штип може да се забележи дека се видно вознемирени од ваквиот потег на поддржувачите на Бочварски и од самата партија СДСМ.

Меѓутоа, ова не е прв ваков случај на црна кампања, самиот кандидат Благој Бочварски веројатно во недостаток на доволен рејтинг во првиот дел од изборната кампања се служеше со измислени црни видеа во кои сакаше да прикаже некоја лажна измислена слика за актуелниот градоначалник Илчо Захариев. Граѓаните на Штип веројатно ги препознаа овие негови манипулативни и крајно недемократски методи па и затоа го казнија со изборен пораз во првиот круг од локалните избори во Штип.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Инаку сторителот на ваквиот морбиден чин Сафет Али често може да се забележи дека е во друштво со Благој Бочварски при што и од разговори со него тој лично изјавува дека е голем пријател и  поддржувач на истиот.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace