БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

ФОТО: Изборен поткуп од страна на СДСМ имало и во Македонска Каменица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Изборниот инженериг кој се спроведува од страна на СДСМ завзема застрашувачки размери

Почнаа да пристигнуваат најразлични докази за огромните изборни манипулации кои се прават од страна на СДСМ. На фотографиите до кои дојдовме јасно се забележува како 25 тонски камион ангажиран од општинската организација на СДСМ во с. Мошница, Македонска  Каменица наполнет со брашно чека да биде истоварен.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Ваквиот чин е насочен за директен поткуп на избирачите во пресрет на вториот круг на локалните избори. Очигледно е дека стратегијата на СДСМ е тотално променета. Наместо тие да одат од куќа на куќа да делат прехрамбрени продукти нашле начин како да избегнат директен контакт со брашното се со цел да не се експонираат во јавност.

Од она што може да се дознае од очевидците е дека камионот бил паркиран пред селската продавница од 20:00 часот па се до 00:00 каде чекал да биде истоваран за истиот подоцна доцна по полниќ да биде целосно испразнет.

Изборен поткуп во Македонска Каменица е забележан и во првиот круг каде исто така активистите на СДСМ со вреќи брашно ги поткупувале гласачите, но голема улога одиграле и парите. Од она што е познато сумата на дадени пари по гласач изнесувала неколку десетици евра.

Извор:Курир

 

 

Креирано од:


Пренеси го гласот