БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Христијан Мицкоски: Ве повикувам да бидете внимателни и претпазливи, на државата и се спроведува пљачката на векот

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во рамки на вчерашниот говор пред граѓаните на Штип, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, ги повика граѓаните на претпазливост и внимателност во врска со однесувањето на актуелната власт предводена од Зоран Заев.

“ Ве повикувам да бидете внимателни. Ве повикувам да бидете претпазливи кон се што кажуваат и во се што сакаат да поверуваме. Сакаат да поверуваме во една лага која ја наметнуваат преку нивните брутални и едногласни кампањи преку напад на сите сетила. Bез исклучок во првите 20 минути се посветени само и само на една тема, како да се излезе и поддржи договорот, еднолично и манипулативно. Нема простор за спротивставено мислење, за да нема црв на сомнеж, затоа што тие сакаат вие да поверувате во една лага кои тие ја сервисираат како единствена вистина, а зад која се крие наше обезличување како народ и држава.

СДСМ мисли дека ако дадат се ќе им биде дадено се. Но тој исти трик го имаат употребено премногу пати досега и нема да дозволиме да им помине уште еднаш. Илузијата која мислат дека успешно ни ја продаваат, како и на многу наврати во нивното минато, силно ќе им се удри од главата еден ден. Никој не сака криминалци и лажговци. Никој не толерира такво поведение, а најмалку сојузите кон кои се стремиме.

Под плаштот на европската иднина на државата се спроведува пљачката на векот. Се злоупотребува силната желба на македонскиот народ и сите наши сограѓани за европски стандард, вистински просперитет, стабилност и сигурност на државата, за да се истера агенда која е против сите наши државни и национални интереси “

-громогласно извика Христијан Мицковски пред својот народ.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace