Денес утрово јавноста на Македонија ја размрда веста дека службеници на МВР вршат претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија ан Македонија. Од она што говорат информациите пренесени во јавност соопштено е дека е извршен претрес и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но тој не бил присутен во неговото живеалиште.
Исто така од полицијата информираат дека се трага и по екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, неофицијално извори од МВР брифираат дека е пронајдена и поголема сума на пари.
Артан Груби, кој што се најде на американската црна листа и даде отказ за политички позиции во ДУИ се пријави самиот дека се наоѓа на Косово во некаква наводна приватна посета, демантирајќи дека избегал од прогон на властите.
-Веднаш штом ги завршам обврските, ќе се вратам дома кај моето семејство, напиша Груби, за шт останува шпрашалник дали тој ќе се врати во државата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена