Денеска по повод големиот христијански празник Божиќ и како дел од вековната Македонска традиција ширум државата во над 70 градови и населени места во масовни поворки на најмладите дечиња организирано се пееја бадникарски песни и се чествуваше аманетот што од колено на колено се предава со генерации.
Глетките и фотографиите кои што денеска масовно се пренесуваа преку социјалните мрежи укажуваат на тоа дека Македонските граѓани се посветени на традицијата и истата преку нив се вознесува во денешнината но и во иднината.
Како дел од празничната и величествена атмосфера беше денеска на скопскиот плоштад и Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која што не го криеше својот восхит од преубавата атмосфера.
“Согласно ветувањето, учествував во величествениот предбожиќен настан на пеење бадникарски песни на плоштадот „Македонија“.
На бината се редеа славеи, придружувани од распеаниот хор, а оддолу, бројни родители и деца, со ѕвезди в раце им се придружија.
Сите заборавивме на студот и уживавме во предбожиќната церемонија, честитајќи си го Божиќ, денот на Христовото раѓање!
Вечен да е!”
-напиша по повод овој настан Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова која успеа да се фотографира со многу граѓани како и оние најмладите кои беа најрадосни на нејзините фотографии..


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена