Актуелната влада предводена од Премиерот Мицкоски не препушта ништо на случајности во сите сфери на нејзиниот делокрук на работа, а особено во значајни сектори кои што ќе значат рапиден прогрес и додадена економска вредност за граѓаните но и државата. Еден таков сегмент е развојот на авиосообраќајот над Македонското небо за што актуелниот Министер за станспорт Александар Николоски од она што може да се види во јавност внесува огромна посветеност во отварање на нови можности за македонските граѓани и Македонската држава.
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, своето гостување во Дневникот на ТВ Сител помеѓу останатите актуелни теми зборуваше и за целта на владата за обезбедување на ефтини летови кон што е можно повеќе европски и светски дестинации при што асоцираше дека претстои силен развој во авиосообраќајот и во следниот период најави нови дестинации за граѓаните.
Тој потенцираше дека шест дестинации се веќе потврдени, од Скопје директно во наредниот период ќе се лета за Барселона, Дубаи, Лион и Штутгарт, додека пак од охридскиот аеродром директно ќе се лета за Базел и до Истанбул на новиот главен аеродром, за што веќе се продаваат авионски карти од Сиднеј, Вашингтон и од Торонто за Охрид.
Покрај овие шест, Николоски вечерва најави уште четири нови авионски линии од македонските аеродроми.
“Ќе се лета од Скопје за Амстердам, од Скопје за Париз, и тоа до најблискиот аеродром до центарот – аеродромот “Орли”, имаме најава од “Катар Ерлајнс” дека ќе отворат најмалку една дестинација и многу интензивно работиме Скопје да стане само третиот главен град на Балканот од каде што ќе има прекуокеански летови. Во моментов прекуокеански летови има од аеродромот од Истанбул и аеродромот во Белград, а нашата цел е Скопје да биде третиот град од каде што ќе се лета прекуокеански”, истакна министерот Николоски.
Тој исто така најави и целосна реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром што ќе се реализира во следните неколку месеци, објект кој не е реконструиран откако е изграден.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена