БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

IFC со поддршка за енергетски проекти во Македонија – средба на министерката Божиновска со меѓународната финансиска корпорација

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари работна средба со делегација од Меѓународната финансиска корпорација (IFC), предводена од регионалниот директор за Западен Балкан, Николас Маркиер. На средбата присуствуваа и Милица Средановиќ, одговорна за инвестиции во енергетскиот сектор за Западен Балкан, и Вадим Шербаков, одговорен за инвестиции во енергетскиот сектор за Македонија.

На средбата посебен акцент беше ставен на инвестициите во енергетскиот сектор и транзицијата кон обновливи извори на енергија, што е во согласност со зелената агенда на Македонија.

Министерката Божиновска ги информираше претставниците на IFC за приоритетите на Министерството, нагласувајќи ја важноста на проектите за зголемување на енергетската ефикасност и развој на обновливите извори на енергија. Таа истакна дека Владата е посветена на намалување на зависноста од фосилни горива,

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Претставниците на IFC изразија подготвеност за поддршка на овие иницијативи, особено преку финансирање на проекти поврзани со енергетска ефикасност, обновливи извори на енергија и декарбонизација. Тие исто така ја истакнаа важноста на соработката со приватниот сектор и привлекувањето странски директни инвестиции како клучни фактори за одржлив економски раст.

Министерката Божиновска ја нагласи важноста на партнерството со меѓународни финансиски институции како IFC во процесот на енергетска транзиција и изрази уверување дека ваквата соработка ќе придонесе за постигнување на стратешките цели на земјата во енергетскиот сектор. Зелената транзиција ќе добие значителен поттик од зголемената поддршка од Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), членка на Групацијата Светска банка која активно ја поддржува енергетската транзиција во регионот на Западен Балкан преку различни иницијативи и проекти и има значајна улога во мобилизирање на капитал за инвестиции во обновлива енергија и енергетска ефикасност

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace