Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е дел од владината делегација предводена од Премиерот Мицкоски која што учествува на повеќедневната Минхенска безбедносна конференција каде што присуствуваат најзначајните евро-атлански безбедносни чинители денеска.
“Во периодот од 14 до 16 февруари, имам чест да бидам дел од делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција – најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања.
Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организиран криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем.
Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани.
На маргините на конференцијата, имавме билатерална средба со хрватската делегација предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, каде што разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, европските интеграции и продлабочувањето на меѓусебната соработка.”
-напиша на социјалните мрежи Министерот Тошковски во врска со неговото учество на конференцијата.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена