БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски од Минхен: Македонија е активен учесник на европската безбедносна сцена, со своја визија и јасни позиции

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски е дел од владината делегација предводена од Премиерот Мицкоски која што учествува на повеќедневната Минхенска безбедносна конференција каде што присуствуваат најзначајните евро-атлански безбедносни чинители денеска.

“Во периодот од 14 до 16 февруари, имам чест да бидам дел од делегацијата предводена од премиерот Христијан Мицкоски на Минхенската безбедносна конференција – најзначајниот глобален форум за безбедносни прашања.

✅ Безбедноста е темел на стабилна држава! Во услови на нови глобални закани, Македонија мора да биде активен учесник во меѓународниот дијалог. Нашата улога во НАТО, регионалната стабилност и борбата против транснационалниот организиран криминал се клучни не само за нас, туку и за европскиот безбедносен систем.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

✅ Силна Македонија на меѓународната сцена! Нашето присуство тука покажува дека Македонија не е само набљудувач, туку активен учесник, држава со визија и јасни позиции. Се бориме за заслуженото место во Европа и за безбедна, стабилна и перспективна иднина за сите граѓани.

На маргините на конференцијата, имавме билатерална средба со хрватската делегација предводена од премиерот Андреј Пленковиќ, каде што разговаравме за заедничките безбедносни предизвици, европските интеграции и продлабочувањето на меѓусебната соработка.”

-напиша на социјалните мрежи Министерот Тошковски во врска со неговото учество на конференцијата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace