По повод 44 годишнината од формирањето на Специјалната Антитерористички единица “Тигар” пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во Македонското собрание Драган Ковачки упати своја честитка:
“До Тигрите:
Честит 44-ти роденден на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“!
Веќе 44 години, вие сте симбол на храброст, чест и непоколеблива борба за правда!
Четири децении сте на браникот на татковината, војувајќи против тероризмот, организираниот криминал и сите закани кои ја нарушуваат безбедноста на Македонија.
Вашата посветеност, дисциплина и патриотизам се темелите на сигурноста на нашата држава. Вие сте штитот што го брани народот, силата што ги руши неправдите и духот што никогаш не се покорува пред опасноста!
Нека оваа годишнина биде потсетник за вашата чест и жртва, а идните генерации нека продолжат по истиот пат – патот на храброста, лојалноста и бескомпромисната борба за правда!
Вие сте гордост на нацијата!”
-стои во честитката на пратеникот Драган Ковачки по повод денешниот ден.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Чешиново-Облешево доби нов, модерен простор за рекреација на најмладите
Македонскиот Премиер упати пораки за улогата на новите инвестиции за потребите на Македонска пошта
Нова ера во работата на Македонски пошти