Таа е една од најзначајните вокални соло музички изведувачи на денешницата. Живее во замок што таа го поседува, до кој може да се пристапи само со хеликоптер.
Ирската пејачка и текстописец Ејтне Падрагин Ни Браонаин (Eithne Pádraigín Ní Bhraonáin), позната како Ења (Enya) е наречена и кралица на new age музиката и е една од најзагадочните и најприватните славни личности во музичкиот свет.
Ења О’Бренан е адаптација на нејзиното ирско галско име на англиската фонетика и правопис. Таа последен пат се појави во јавноста пред повеќе од осум години и сега живее повлечено во нејзиниот замок во викторијански стил наречен Замокот Мандерли, кој се наоѓа во Килинеј, веднаш надвор од Даблин. Овој имот, проценет на 4 милиони евра, е само мал дел од нејзиното лично богатство кое надминува 100 милиони евра, што ја прави една од тројцата најбогати луѓе во Ирска.


На 63 години, таа никогаш не се омажила и немала деца. Единствените придружници кои и се познати се десетина мачки и персоналот кој се грижи за нејзиното живеалиште.
Ења ја започна својата музичка кариера во 1979 година со неколку нејзини браќа и сестри во бендот Clannad пред да започне соло кариера. Таа досега има издадено 8 албуми, продадени во над 80 милиони копии ширум светот, без воопшто да изведе концерт во живо. Таа е најпродаваниот соло ирски уметник и вториот најголем музички извозник во земјата, по бендот U2.
Ења е една од најзначајните вокални исполнители на светска музика во која што до израз доаѓа духовноста и оригиналноста на ирскиот фолклор но устличено на високо естетско ниво на музички израз. Нејзини најпознати дела се
како и насловната тема на првиот дел од филмот Господар на прстените: Друштвото на прстенот од 2001 година

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Врчак и Симона со „Сонце по дожд“ ја продолжуваат музичката приказна што започна пред години
Видела лице зад сцената на концерт на Аеросмит, кое многу личи на нејзиното: Како Лив Тајлер дознала за своето биолошко потекло?
ИСТОРИСКИ УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ХИП-ХОП: НИНА ТАЛЕСКА Е СВЕТСКИ ВИЦЕШАМПИОН!