БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Наставничката со огромна тага се прости со своите ученици

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Наставничката Елена Накова со емотивна објава на Фејсбук се прости од нејзините ученици Никола и Матеј, кои загинаа во пожарот во дискотеката во Кочани.

“Драги деца, не можам да поверувам на сопстветните очи и уши дека повеќе ве нема, не можам да го заборавам моментот кога бевте IX В одделение, кога бев ваша наставничка, моментот кога седевте во иста клупа.

Николче, мило дете со твојата мила насмевка и посветеност секогаш ме воодушевуваше, од вчера ми звони во ушите твојата рецитација на песната „Која ја љубев Дениција“, која ја вежбавме за една училишна активност. Ах ах ах , Матејче уште во понеделник па последователно секој ден на излегување од училница ме испраќаше со зборовите „Убав виќен наставничќе“ иако викендот беше далеку.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Еее токму овој викенд беше најлошиот викен за мене бидејки ја слушнав кобната случка и уште покобното сознаение дека многу млади деца и нечии мили деца нема да бидат веќе со нас! Патувајте мирно кон ангелите, нека Господ Бог ве приме во царството небесно и да продолжите да ја ширите позитивната енергија кај ангелите!

Патувајте безгрижно кон вашиот нов дом, бидејки ние за Вас имавме и ќе имаме само убави спомени, а спомените никогаш не заминуваат како што и вашата присутност мегу најблиските,”

-sтои во напишаната порака на наставничката на фејсбук.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace