,,Не бараат тие толку мито колку што вие сте спремни да дадете се за да добиете нешто без пот, на полесен начин, буцни прачка-пиј вино, не го сакате бе дечки правиот пат, сакате лесничко, без мислење, без мака, без заслуга, сакате на лако чемо и со фаќање кривини.
Не ви се учи а сакате дипломи, не ви се работи а сакате пари, не ви се водат постапки, а сакате правда, не ви држи у приватното тешко е па се пикате по државни институции во кои и сами не знаете што работите ама важно.. мала ви е платата.
Не знаете каде ви е канцеларијата ама сте мртви уморни и вечно премрзнати и гладни!
Живеете од сеир, завист, оговарање и чамче муабет… ја сеа ќе зеам од овој ќе свртам преку оној…. лажете и се надлажувате.
Се упикувате, се местите, се групирате, забивате ножеви во грб, измислувате изговори за се и сешто ……………
еееј кој ќе собира документи, еј овој закон е без везе кој го напиша, еј види ги политичариве, еј види ги докториве, адвокатите, извршителите… толкувате право а појма немате и кога ќе заглавите “ситните букви се криви”… измислувате млака вода , оговарате , се споредувате , па ….види го овој, види го оној…. па на мој ли грб држава ќе правиме, на мој ли грб сеа мора да се тера по правила… одговорност никаква, вечно е друг крив…сите освен вие!
И после не чини системот … не да не чини, систем нема!
Она што го има е “снаџи се па живи”, ама од тоа “снаџи се” на крај никој од нас нема да преживее!
Нема невини, сите сме криви, време е да се видиме -(те) во огледало, без шминка!”.
-Интегрален текст на коментар упатен до јавноста преку социјалните мрежи на адвокатот Рале Мизрахи.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Пронајден хероин во дом на жител од Свети Николе
Кривична пријава за 4 жители на Крива Паланка
150 студентки, отворени предавања и силна порака од dm по повод Светскиот ден на менструалната хигиена