БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Пронајден амфетамин во Гевгелија, поднесена кривична пријава против две лица

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

СВР Струмица – ОВР Гевгелија, до Основното јавно обвинителство Гевгелија, поднесе кривична пријава против Б.Г.(24) и А.М.(25) од Скопје, поради постоење на сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик и против А.А.(27) од Скопје поради постоење на сомнение дека сторила кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ по член 364 од Кривичниот закон.
На 17.03.2025 на наплатна рампа Гевгелија, при преземање мерки, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Гевгелија запреле патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.Г., а сопатници биле А.М. и А.А.. Додека, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес над возилото, при што во внатрешноста на предниот дел биле пронајдени   три пакувања со амфетамин со вкупна тежина од околу 1,5 килограми. Лицата биле изведени  пред судија од Основен суд Гевгелија, кој на Б.Г. и А.М. им определил мерка притвор.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace