БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Мицкоски: Од проверени 60-70 локали повеќе од половината не исполнуваат минимални технички услови

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Премиерот Христијан Мицкоски во своето гостување во „Тема на денот“ во дневникот на Сител Телевизија истакна дека по извршените контроли во дискотеките утврдено е дека повеќето од половината кои имале лиценци, не исполнуваат услови, и потенцираше дека ќе има забрани за вршење на дејност за сите кои не исполнуваат услови. 

– Денеска пред да дојдам на ова интервју добив информација од Државниот пазарен инспекторат дека се провери повеќе од 60-70 локали. Дури и оние кои имаат важечки лиценци, повеќето од половина не ги исполнуваат минималните технички услови. И тоа е најголемиот проблем, изјави премиерот Христијан Мицкоски,

Премиерот Мицкоски додаде дека разговарано е и со претседателот на ЗЕЛС под итно да закаже Управен одбор, да се проверат сите оние објекти кои се под општинска надлежност.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Комуналните инспектори да излезат на терен, да ги проверат настрешниците, терасите. Нема назад, тргнавме. Или ќе победи таа мафија која со децении трае или ќе победат народот и државата. Ние сме на страната на народот и државата и одиме до крај. Ќе добијат решителност, рече премиерот Мицкоски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace