БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Тошковски: Благодарност до граѓаните за достоинственото искажување на почит, а правдата и одговорноста ќе ги стигне сите виновници

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска изрази голема благодарност до граѓаните низ целата држава за достоинствено оддавање почит на жртвите, на протестите кои се одржаа во голем број градови во државата.

„Ова покажа дека како општество знаеме да ја споделиме болката со почит и солидарност. Во вакви трагични моменти, гневот и болката се оправдани, но морам да напоменам да внимаваме тие да не бидат инструментализирани. Одговорноста за оваа трагедија ќе ја бараме преку институционални процеси, а не преку сценарија кои можат да ја продлабочат кризата и да не оддалечат од вистината.“, истакна министерот Тошковски.

Министерот Тошковски  потенцираше дека е јасно дека сите граѓаните се за правдата да излезе конечно еднаш на виделина и да има целосна одговорност за случајот.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„Клучно е таа да дојде преку институционални и правни механизми, а не преку емоции кои определени структури можеби би сакале да ги искористат во насока која не и служи ниту на вистината, ниту на најблиските на жртвите.’, дециден беше министерот Тошковски.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace