БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Таравари: Тројца пациенти се пуштени на домашно лекување, на сите хоспитализирани се врши токсиколошка анализа

Stethoscope on a printed sheet of paper

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Во денешната изјава за медиумите, министерот за здравство, д-р Арбен Таравари информираше дека тројца пациенти се испишани и пуштени на домашно лекување, а за утре се планира уште тројца да бидат испратени дома. -Од идната недела се надевам дека ќе известуваме колку пациенти си одат дома и ќе известуваме за некои од пациентите кои полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави и ќе продолжуваат со лекувањето тука. Инаку, сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти денеска констатираме дека се 10 во потешка состојба, рече министерот Таравари. Моментално во државата се лекуваат 72 пациенти, од кои на Клинички центар 34 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ се 15 пациенти, Стара градска 11 пациенти и во Клиничка болница Штип само 1 пациент. Во приватните болници се сместени 11 пациенти. -Надвор од државата се третираат 101 пациент. Вчера се испратени помал број пациенти надвор од државата, а денеска имаме понуди од повеќе држави, така што треба да видиме каква е состојбата на пациентите, за што ќе одлучиме по стручна консултација, посочи министерот.   Став на кризниот штаб е на сите хоспитализирани пациенти во текот на денот да им се извршат токсиколошки анализи.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace