Денеска одговарајки на новинарско прашање претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста упати свои сознанија во врска со пеналите кои што државата треба да ги исплати на изведувачот на коридорите 8 и 10Д, Бехтел и Енка како резултат на превемените обврски од потпишаниот договор.
Мицкоски во јавноста објави свои сознанија дека од државниот трезор на сметката на ЈПДП веќе се исплатени 120 милиони евра кои што веројатно веќе легнале на сметката на конзорциумот.
“Бројката која што врз основа на тој договор кој што го добивме ние од свиркач се обликации кои што ги има создадено државата, што по основ на тој договор, што по основ на пенали поради тоа што нема измена во законот за работни однози, односно, да бидам попрецизен, продолжување на работната недела од 40 на 60 работни часа, точно се 301.495.000 евр, триста и еден милион четиристотини девеесет и пет илјади евра. Околу 173 милиони евра се обврски кои што ги превзела државата врз основа на самиот договор како авансно плаќање, како трошоци за подготовка на градилиште и трошоци за подготвителни работи, вклучително и менаџирање на на самиот проект. Тоа се околу 173 милиони евра, а останатите се пенали поради тоа што во рок од 45 дена од потпишување на договорот не е променет Законот за работни односи, односно работната недела не е продолжена од 40 на 60 работни саати. И затоа велам, бројката е точно 301.495.000 евра кои што во овој момент граѓаните треба да му ги платат на изведувачот.”
-соопшти претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, професор д-р Христијан Мицкоски.
„Имам сигурни информации, а еве ги повикувам медиумите да ги проверат, дека пред два дена од трезор се префрлени пари преку министерството за транспорт и врски на ЈПДП, на Јавното претпријатие „Државни патишта“ околу 7 милијарди и 250 милиони денари, тоа е околку 120 милиони евра. Отприлика толку се и тие пари претпоставувам треба да се веќе легнати на сметка на компанијата изведувач на овие делови од коридори 8 , односно 10Д. Оваа информација ја има од пред два дена, односно да бидам попрецизен, од средате. Еве ве повикувам вие да го прашате министерството за финансии, да го прашате јавното претпријатие дали се платени 120 милиони евра. Многу сум внимателен, околу 7 милијарди 250 милиони денари, тоа се некаде околу 120 милиони евра“,
-алармираше во јавноста Мицкоски со цел да се заштитат интересите на граѓаните и да се спречи актуелниот грабеж на државата.
“Од друга страна, власта организираше прослави и прес конференции за гранд од околу 40 милиони евра од Европската комисија, кој што сеуште го немаат земене а и не знаат да го земат, а молчат за за 120 миолиони евра кои се пари на граѓани кои веќе треба да се легнати на фирмата изведувач која на деловите од коридорите нема ниту шајка заковано.”
-рече Христијан Мицкоски.
Целата изјава со одговори на новинарски прашања на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ погледнете ја во продолжение:


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заменик-министерот Ристески се обрати на отворањето на Првиот Бизнис форум во општина Делчево „Заедно да подадеме рака на развојот“
ДКСК го објави Каталогот на пријавени подароци за избрани и именувани лица за 2025 година
Финансиска полиција поднесе пријава против поранешен претседател на Стоматолошката комора на Македонија