Денеска на прес конференција од партиското седиште на СДСМ, портпаролката Богданка Кузеска ја алармираше јавноста за “Нов сообраќаен скандал во кој што според Кузеска е инволвиран брат на скопски градоначалник”
“Денеска објавуваме нов скандал.
Граѓаните ќе видат она што одамна го знаат: функционерите на власта прават што сакаат, без никаква одговорност.
Со ДПМНЕ и Панче Тошковски на чело на МВР, наместо ред и поредока, царуваат неказнивоста и селективноста.
Одиме по ред.
На 20 април 2025 година, точно во 18:31 часот, на булеварот „Александар Македонски“ во Скопје, полицијата со радар фаќа возило со преголема брзина, далеку над дозволената.
Станува збор за ова возило „Мини Купер“ со скопски регистарски таблички, управувано од Далибор Стефковски — брат на градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски. Тој воедно е и сопственик на автомобилот.
Среде Скопје, братот на градоначалникот летал со 88 километри на час, иако дозволената брзина е 50 километри на час.
Свиркачи од МВР ни доставија видео-снимка од радарот, на која јасно се гледа колку вози Стефковски среде Скопје. Еве го тоа видео, да го погледнеме.
Полицајците го стопирале за да го казнат за пребрзо возење, но тогаш Далибор Стефковски телефонски контактира со некој во МВР.
За само една минута, началник од МВР, кој според нашите информации тогаш дури и не бил во земјата, се јавува на полицајците и им дава наредба: братот на градоначалникот да не биде казнет и да биде ослободен.
Бидејќи прекршокот веќе бил евидентиран, наредено им е казната да ја запишат на друго лице.
Така, казната е издадена на лице со иницијали С.Ј., под налог број 07929. И оваа документација свиркачите ја доставија до нас, нема да ја објавуваме за да ги заштитиме.
Почитувани,
Секојдневно луѓе ги губат животите на улиците поради несовесни возачи, сообраќајки со тешки последици има на секој чекор. Сè уште се свежи болните спомени на трагично прегазената Фросина во Скопје.
И што прават Тошковски и МВР? Наместо да обезбедат почитување на законот, ги штитат прекршителите — само затоа што се функционери на ДПМНЕ.
Полна му беше устата на Тошковски со празни ветувања дека „секој ќе одговара“. Денес, гледаме дека тоа биле само лаги.
„Брат да ми е, ќе одговара“ е најголемата лага на Тошковски. Законот за нив не важи.
Ако за брат на фукционер на ДПМНЕ нема одговорност, што да очекуваат граѓаните кога станува збор за повисоките функцинери.
Функционерите на ДПМНЕ се над народот, над законите и над Уставот. За нив нема одговорност — сите други се виновни, само тие не.
СДСМ бара целосна истрага, одговорност за сите вмешани полициски службеници и санкции за сите инволвирани — почнувајќи од Панче Тошковски па надолу.
Со Тошковски, законот не важи за функционерите на ДПМНЕ.
Ова е безаконие. Време е за одговорност,”
-рече денеска на прес конференцијата портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Најава за трибина во организација на ВМРО-ДПМНЕ посветена на Гоце Делчев
Николоски: Самопрогласени „синдикални лидери“ шират лаги за изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Ќе го завршиме на време и сите ќе му се радуваме
Пилот проект за лекување од далечина започна да се спроведува во Делчево и Дебар