Тоа што т.н. новинари затскриени зад плаштот “објективно новинартство” цело време “пумпаат” лаги, манипулации, еднострано известување за настани и процеси, провокации и црна хајка против сите што не размислуваат како нив се претворија во “медиум” за глорификација на бандитите и дивјаштвото на ДУИ, зборува само за нивните мотиви и “инспирација”.
Партијата која 20 години хараше низ Македонија со својата “светост” и политичка “продуктивност”, сега станува предмет на глорификација од страна на подрумски подкастери. Која хипокризија!
Добро е што Македонските граѓани станаа имуни на ваквите епизодни улоги на поединци во медиумскиот етер во Македонија кои како нереализирани политичари од минатото влегле во медиумска сфера каде си ги лечат своите фрустрации врз сите оние кои што размислуваат поинаку од нив самите!
Тоа што фанатизмот со кој настапуваат во јавност е доведен до ниво на забава и сеир од страна на граѓаните во никој случај не значи конверзија во медиумско влијание кое толку многу го посакуваат и богато го наплатуваат кај нивните мецени.
Македонскиот народ имаше можност да ја види една многу по моќна А1 телевизија како беше злоупотребувана од нејзиниот сопственик (за што самиот Велија Рамковски пред некој ден јавно призна кај Лазаров) за политички цели и видовме како заврши тој медиум кој наместо да си ја гледа медиумската работа се претвори во инструмент за пресметка со власта. Тоа е навистина голема загуба за медиумскиот простор, кој наместо да се развива во интерес на граѓаните потклекнува на агонијата и егоизмот на нивните сопственици за да прерасне во орудие за политичка пресметка.
Македонскиот плурализам и демократија веројатно ќе треба да уште малку во иднина да ги издергустира сите вакви обиди за злоупотреба на медуимите во политички цели.
Не е проблем одреден медиум во однос на својата уредувачка политика да има свои конзистентни идеолошки убедувања и доктринарни начела. Но медиум кој не држи до никаква идеологија туку само и првенствено му се пари на хоризонтот- профит базиран на ЛАГИ, МАНИПУЛАЦИИ, ЗЛОУПОТРЕБА НА ДОВЕРБАТА НА ЈАВНОСТА ВО ПОЛИТИЧКИ ЦЕЛИ, тогаш тој медиум неминовно со тек на време пропаѓа дискредитиран од самиот себе. Во ред е уредникот или новинарот на еден медиум да има свој личен став дури и е посакувано да има свој став како човек кој ужува доверба во јавноста и е доволно информиран за одредени прашања, за сите теми од јавен интерес, но ваквиот свој став треба да биде ставен на критика на јавноста затоа што можеби не е сосема исправен, како и да понуди релевантни информации кои одат наспроти тој негов став во јавноста со подеднаква застапеност и квалитет како изнесениот негов став на тој медиум.
Тоа не можеме да го видиме кај определени медиумски пропагандисти кои јавуваат видно ниво на нервоза и нетолерантност на се што не оди во прилог на нивниот наратив. Таквите нереализирани политичари со своите епизодни улоги во Македонската медиумска сфера пројавуваат необјективно-штетен фанатизам за пресметка на политичката сцена, се повеќе од очигледни и народот тоа многу убаво го препознава и не им придава значење на нивните обиди да биде манипулиран.
За после секои избори кога народот ја искаже својата волја преку својот глас, ваквите гнезда на скапо платеничка пропаганда да констатираат дека за се она лошо што се случува во државата си е виновен самиот народ.
Така ќе биде и во наредните месеци.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Про-бугаринот Венко Филипче нека покаже како треба и нека ги стави бугарите во статутот на СДСМ, Македонскиот устав не му е дедовина да го решета како ќе му текне
Зошто НАТО не го активира членот 5 во војната меѓу САД и Иран?
Синдикалниот комунизам е мртов. Македонија како земја на услуги треба да развива трудов раст а не секојдневие на социјална пропаст