БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам во акција спречи противзаконска изградба на објект во старото јадро на Охрид

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Надлежниот државен инспекторат за градежништво и урбанизам во рамки на Министерството за транспорт активно работи на терен во сузбивање на продивзаконски дејанија на поединци кои преку злоупотреба на градежното беззаконие во државата нанесуваат штета на граѓаните и државата.

Државниот инспекторат за градежништо и урбанизам постапувајќи во рамки на своите надлежности преку вонредна контрола направи увид во изгрaдба на објект во општина Охрид, објект кој се наоѓа во заштитетната зона на Старото градско јадро во Охрид, поточно во Старата охридска чаршија,

-информираат од Министерството за транспорт во соопштение упатено до јавноста.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

При увидот, констатирано е прекршување на одредбите од Законот за градење, односно инвеститорот вршел градежни активности без Одобрение за градење за конкретниот објект.

Во рамки на своите законски надлежности Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам донесе решение број ИП 1бр 74-137 од вонреден инспекциски надзор со кое се стопира изградбата и го затвора објектот за понатамошни градежни активности. Против инвеститорот ќе се поднесат соодветни пријави согласно законските прописи.

Засилените контроли на Инспекторатот за градежништво и урбанизам продолжуваат и во следниот период на територијата на целата држава. 

Заштитата на Старото градско јадро на Охрид е со цел со цел да се спречат дејства, појави и влијанија со коишто може да настане оштетување, неповратно изменување, уништување или деградирање на споменичната целина.

Старото градско јадро на Охрид е составен дел од доброто заштитено како „Охридско природно и културно-историско подрачје од 1978 година, како и од „Природно и културно наследство на Охридскиот Регион“, впишано на Листата на светско наследство на УНЕСКО во 1980 година.

-стои во соопштението упатено до јавноста од страна на Министерството за транспорт во Македонската влада.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace
HTML Image as link Ваша идна дестинација за посета
An image from Squarespace