Почитувани пријатели, со огромна доза на чест и пред се одговорност сакаме да ја известиме целокупната јавност а особено нашите верни поддржувачи кои во изминатите неполни осум години беа наш мотив и сила да опстоиме на интернет просторот во регионот и државата како интернет портал “Брегалнички Портал [Идентитет на регионот]” www.bregalnicki.mk, дека
согласно Законот за медиуми нашиот и Ваш извор на информации на кој ја дарувате секојдневно вашата доверба, е регистриран во новиот регистар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), согласно сите законски правила врз основа на кои од самото основање се стремиме да ги исполниме.
Ова е посебно горд ден за сопствеништвото и сите инволвирани соработници и поддржувачи на порталот што конечно согласно последните законски измени на Законот за медиуми овој портал е препознаен официјално за Интернет портал како информативно средство на јавноста согласно сите права и обврски во рамки на посочениот закон.
Патот до тука беше тежок а не очекуваме дека и намерите да опстоиме и понатаму на соодветно општествено ниво и улога во иднина ќе бидат нешто полесни.
Се во интерес на развојот на демократијата, институционалниот напредок и подобрување на живеачката во Брегалничкиот регион.
На сите наши противници, негатори и омаловажувачи на нашата работа сакаме да им посакаме многу здравје во иднина затоа што и тие имаат своевиден придонес во овој наш институционален успех на етаблирање во општеството. Да не беа тие и нивните опструкции и препреки кои беа наш мотив за совладување, можеби и ќе се откажевме многу одамна, од оваа наша света мисија, за што најчовечки им благодариме.
Секако сите почести за стекнувањето на овој статус ги заслужуваат поединци- наши искрени соработници и добронамерни поддржувачи кои што се знаат кои се, и секако најнеизмерно им благодариме.
Од една скромна идеја, преку многу работа и посветен труд стигнавме до силен независен интернет портал на лимитираниот интернет простор како што е Брегалничкиот регион.
Среќата е неизмерна, уште поголема е одговорноста!
Продолжуваме понатаму за да го афирмираме идентитетот на овој наш животен простор на едно поубаво општествено ниво на развој.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наши маркетинг услуги за учесниците на Локалните избори 2025 [2]
Наши маркетинг услуги за учесниците на Локалните избори 2025
Брегалнички Портал – Гласот и Идентитетот на Истокот