На денешен ден 10 август во 2001 година кај месноста Љуботенски Бачила на Скопска Црна Гора во кукавички напад со нагазни мини загинуваат осум припадници на резервниот армиско состав на АРМ кои што дејствуваа во одбрана на татковината против терористичките формации на ОНА.
Имињата на
- Томе Бадаревски († 33) од Скопје
- Марјанчо Бошковски († 28) од Волково, Скопско
- Томе Димовски († 37) од Скопје
- Ивица Златевски († 24) од Скопје
- Бранко Јанев († 36) од Скопје
- Раде Јанковски († 32) од Волково, Скопско
- Томислав Настевски († 27) од Ѓорче Петров, Скопје
- Гоце Чанкуловски († 39) од скопско Љубанци
ќе останат како светол пример за сегашните и идни генерации Македонци за чување и бранење на слободата на Македонија кои што овие маченици со својата крв најскапо ја платија.
Нека им е вечна слава!


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Гане Тодоровски: Нашиот Сандански
Роден на денешен ден: Петре Прличко- најголем меѓу големите, ѕвезда на едно време
По ѕверското мачење на бугарските фашистички окупатори на денешен ден пред 83 години згаснале животите на Страшо Пинџур и Мирче Ацев