“Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде”
-Јордан Пиперката
На денешен ден 10 Август 1903 година во селото Цер помеѓу Кичево и Демир Хисар во нерамна борба, херојски животот го загубил Јордан Силјанов Пиперката.
Уште од мал Јордан се челичел во неправдите, репресалиите и зулумите на отоманските влати во неговото родно место Козица. Неговиот темперамент и непокорен дух овозможиле тој уште од млади години да започне да созрева како борец во одбрана на својот народ. Сиромаштијата и околностите кои што судбински стоеле над неговиот млад живот му го осветлиле патот за влез во алејата на најголемите војводи и револуционери во Македонската историја како неприкосновен борец за слободата на Македонскиот народ. Околу неговиот животен пат народот испеал и раскажал многу народни умотворби, сврстувајки го Јордан Пиперката во редот на митолошки лик пред чија што појава и помиска стравувале сите непријатели на Македонската самобитност.
Имал можност да претстојува во Бугарија повеќе пати подолг временски период и да ја спознае политичката состојба во софиските кругови и односот кон Македонија и своевремено да ги осуети намерите на Бугарскиот кралски двор кон Македонското револуционерно движење.
Јордан Пиперката е еден од најбележитите членови и раководители на ВМРО во предилинденскиот период и за време Илинденското востание.
Засекогаш ќе остане запаметен како еден од камените темелници на Македонската слобода и независност.
Нека му е вечна слава.
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Ин Мемориам: Си замина Анка Гиева- доајен на Македонската народна песна со магичен глас
Делото на Љубомир Белогаски (1911-1994) за некого можеби е само алузија за минатото, но за Македонската самобитност е нешто многу повеќе
Фељтон: ИЛИНДЕНСКО ВОСТАНИЕ (Дел 9)-Битката кај Мечкин Камен