Во врска со вчерашниот немил настан кој што се случи во Советот на Општина Кочани, во кој што советник од советничката листа на СДСМ и Коалицијата на локалните избори во 2021 година, со шише со вода удри по главата на службеничка од општина Кочани која присуствуваше на седницата, Советничката група на ВМРО ДПМНЕ во Советот на Општина Кочани бара идна и безусловна оставка од насилникот-советник. Доколку тоа не се случи од ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани најавуваат дека нема да присуствуваат на седниците на општинскиот совет.
“Насилство не се релативизира, насилство се санкционира.
На последната седница на Советот на Општина Кочани, советник – наместо со аргументи – настапи со пцовки, шише, физички напад, и ширење страв при што беше повредена вработена жена. Ова не е само инцидент. Ова е срам и кривично дело.
Нема демократија таму каде што владее насилство. Нема достоинство за институцијата ако се молчи пред напад на службено лице.
Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, најостро го осудува нападот и поставува ултиматум:
Ве известуваме дека, нашата советничка група НЕМА да присуствува на седници на кои насилникот ќе настапува како “Општински Советник”
БАРАМЕ:
-Итна и безусловна Оставка од насилниот советник.
Кочани заслужува Совет каде се дебатира, не се удира. Советниците се избрани да говорат во име на граѓаните, не да молчат пред насилство,”
-стои во соопштението упатено до јавноста од страна ан ВМРО-ДПМНЕ ОК Кочани.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Осум награди за ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари на 23. Меѓународен детски етнофестивал „Децата од Балканот“ во Хасково, Бугарија
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани