И после 20 години од свирепото убиство на 12-тмината недложни македонски цивили кои беа киднапирани а потоа и на ѕверски начин убиени на денешен ден во 2001 година, се уште стои неразјаснето кој стои зад ова злодело против човештвото.
Денеска селото Непроштено како и секоја година си приспомнува на своите четворица соселани кои беа дел од оваа група на 12-тмина Македонци кои беа ликвидирани од страна на терористичките банди кои ја тероризираа Македонија во 2001 година.
Крсто Гоговски и Цветко и Васко Михајловски, беа киднапирани па подоцна убиени а Стојан Михајловски беше свирепо убиен на лице место на овој кобен 23 јули 2001 година. По телата на останатите оссумина ликвидирани недолжни граѓани се уште се трага, а сторителите и ден денес шетаат слободно, одбегнувајки ја правдата за овој антицивилизациски чин.
Семејствата на загинатите Македонци се уште живеат со надеж дека еден ден ќе одговараат наредбодавците на ова злосторство против човештвото.
Голем број жители на Непроштено но и од околината денеска одадоа почит на споменикот на четворицата нивни соселани, со аманет еден ден семејствата на убиените цивили да доживеат правда за нивните најблиски.
Вечна им слава.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (осми дел): Интервју со архитектот Георги Константиновски за Нова Македонија од 1982 година за проектот на Спомен домот на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (седми дел): За знамето на Разловечкото востание
Фељтон- 150 Години Разловечко востание (шести дел): Овие две жени го извезале оригиналното знаме на Разловечкото востание 1876 година во Солун