Општина Кочани објавува повик до заинтересирани здруженија на граѓани за дообразување на возрасни лица без завршено основно образование.
Здружението треба да биде регистрирано во Централен регистар за здруженија на граѓани и да има работен ангажман на вакви и слични проблематики во последните 5 години.
Здружението на граѓани ќе има обврска да ангажирана лиценцирана школа за дообразување на возрасни и да го спроведе дообразувањето за 20 до 26 возрасни лица Роми и други ранливи групи од Општина Кочани кои немаат завршено основно образование.
Предност во изборот ќе има здружението што ќе преземе најмалку 30 % од трошоците за дообразување.
Општина Кочани за оваа намена има предвидено 200.000 денари во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита на Општина Кочани за 2026 година.
Заинтересираните здруженија на граѓани треба да поднесат пријава кон која ќе приложат CV и ќе нагласат дека можат да учествуваат со 30 % во финансирањето на Проектот на Општина Кочани за дообразување возрасни без основно образование.
Изборот на лица кои ќе бидат дообразувани ќе биде обврска на Здружението на граѓани, а во соработка со Општина Кочани. Дообразувањето ќе биде без надоместок од страна на лицата согласно насоките во Програмата за социјална, детска и здравствена заштита за 2026 година, точка 2.3. Дооформување на основно образование на лица без основно образование кои не се вклучени во пазарот на трудот.
Пријавите можат да се поднесат до Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани или на е-адреса: info@kocani.gov.mk.
Повикот трае до 11.5.2026 година (понеделник).
Информации кај Аника Илијевска Ѓорѓиева, 072 275 689.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Заложбите на градоначалникот на Берово Петар Ружински даваат резултати: Две нови големи инвестиции во Малешевијата за подобар стандард за сите беровчани
Нова перспектива за развој на локалната економија во Пехчево
Стоп за досегашната фушерајска изградба на градежни работи во Делчево