Малата црква во поречкото село Mанастирец крие досега неразјаснета тајна за масовното убиство на 103 лица од овој крај во далечната 1916-та од бугарската егзархија. Се претпоставува дека во масовната гробница се наоѓаат останките на интелектуалци од овој крај.
Бадниковиот масакр, во кој на 6 јануари 1916 година, од страна на бугарската војска се убиени 103 поречани е можеби една од темите од нашата историја која малку позната за јавноста. Денес после скоро 100 години, нивните коски лежат расфрлени во подрумот на една мала црква кај селото Манастирец. Црквата ја изградил рускиот монах Антоние некаде помеѓу двете светски војни кога и се пренесени моштите на починатите од преминот Барбарас каде биле убиени.
„Заробени се 205 Поречани и на патот за Прилеп, половината од нив се оставени на месноста Дервишка нива, 103, најголем дел од селото Здуње, 22 лица, и тука сите масакрирани. А останатите биле пратени во затвор во Прилеп, а после повторно се вратени во Поречието“, рече Зоран Трпчески, професор по историја.
Свештеникот Марко Трпкоски кој ја има комплетната документација за овој настан, заедно со имињата на убиените дошол до еден интересен податок.
Еден од бугарските војници рекол дека тој не сака да учествува во оваа злосторство и дека не сака да ги коле поречаните, поради таа своја одлука и тој бил убиен и тој е 103-тата жртва на овој ден“, вели Отец Марко Трпкоски, свештеник.
Посмртните останки денес се нем сведок за ова злосторство.
Оваа црква моментално се наоѓа во крајно лоша состојба посмртните останки на починатите се наоѓаат расфрлени во овој подрум кој се наоѓа под нас, во иднина општината планира комплетно да го реновира ова место кое што би станало достојно спомен обележје на овој трагичен настан.
„Сакаме како локална самоуправа ова обележје Спомен костурницата да ја претвориме во еден Спомен парк и да биде достапна за сите посетители како од нашиот крај така и за посетителите од цела Македонија“, изјави Милосим Војнески, градоначалник на Македонски Брод.
Се планира и подигнување споменик во нивна чест во црквата во Македонски Брод.
Извор: Македонска Радио Телевизија
Овој настан е исто така обработен и во документарен филм на МРТ:
СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Наместен од УДБА на денешен ден на лов на дивеч загинал Васко Карангелевски
Бугарски аналитичари: Мицкоски е прв кој како премиер го подигна Македонското прашање на меѓународно ниво
Историска генеза на одбележувањето на денот на кревањето на Разловечкото востание