Околу 400 деца кои учествуваа во Бадниковата поворка беа примени од градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов, кој пред општинската зграда со подароци им ги честита Бадник и големиот христијански празник Рождеството Христово – Божиќ.
Бадниковата поворка ја организира свештенството на храмот „Св. великомаченик Георгиј“ од Кочани. Годинава бројот на учесниците е удвоен во споредба со лани. Пеејќи ја божиќната химна „Вечниот Бог“, поворката појде од кочанскиот храм, помина по улицата „Стево Теодосиевски“ и покрај Градскиот парк стигна до општинската зграда.
Настанот се организира во чест на Христовото раѓање – Божиќ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Претстои реконструкција на игралиштата во ООУ „Св. Кирил и Методиј“
Полскиот амбасадор во посета на Општа болница Кочани
Градоначалникот на Делчево Иван Гоцевски дел од јавниот форум „Жените знаат што им треба“, во организација на Здружението „Гласен Текстилец“ во Штип