-Со новата апаратура ја зајакнуваме грижата за здравјето на жените, токму таму каде што е најпотребно. Овој значаен чекор е овозможен со поддршка од АД МЕПСО, која обезбеди над 2,7 милиони денари, и со сопствени средства од 800 илјади денари на Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“-Чаир. Голема благодарност до МЕПСО како општествено одговорна компанија, и до директорот Бурим Љатифи, со кој денес заедно ја посетивме болницата. Зад секој апарат стои грижата за секоја жена, за секоја бремена мајка, за секој нов живот”, кажа министерот Алиу во рамки на посетата на оваа здравствена установа.
Специјалната болница за гинекологија „Мајка Треза“-Чаир – нов ЕХО апарат за брза и прецизна дијагностика кај бремени жени и пациентки со гинеколошки проблеми

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене