БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Заврши програмата за млади во Кочани „Лето во друштво“

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Со изложба на фотографии од одржаните настани, поставена во Градскиот парк во Кочани, завршија активностите наменети за млади од програмата „Лето во друштво“.

– Ниедна помош во овој период нема толку силно значење како што е оваа, од Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, кој претходните две недели им се посвети на младите и на нивното закрепнување по трагедијата што ни се случи во Кочани. Нашиот главен фокус е кон луѓето, нашите напори се насочени кон младите, на кои им треба креативно канализирање на нивната енергија – рече пред присутните в. д. градоначалникот Венко Крстевски.

Изразувајќи благодарност кон сите учесници на настаните и на волонтери од Локалниот младински совет – Кочани, претставниците на „Малинска“ им доделија сертификати.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Лина Ќостарова-Унковска, директорката на Центарот за психосоцијална и кризна акција „Малинска“, истакна дека замислата на програмата „Лето во друштво“ е поврзувањето на луѓето, поддршка во процесот на заздравување со настојување тагата по загубените во трагедијата да се трансформира во надеж.

Настанот во Градскиот парк заврши со ритуал во сеќавање на починатите во несреќата.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace