БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Службени лица на МВР и МЗШВ од Струмица и Берово помагале во пустошење на шумите во Малешевијата

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Кривични пријави добиле струмичанец и беровец затоа што на дрвокрадците во регионот на Малешевските Планини им дојавувале кога доаѓаат и каде се патролите на полицијата и на Шумска полиција, и им овозможувале непречено да сечат и да крадат дрва.

Како што соопшти МВР, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО ГОКК поднека кривична пријава против М.А. (42) од Струмица и В.П. (52) од Берово. Ги товари за „злоупотреба на службена положба и овластување“ по чл.353, „оддавање на службена тајна“ по чл.360 и „пустошење на шуми“ по чл. 226 ст.3 во врска со чл.24 од Кривичен закон.

М.А., вработен во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Сектор за шумска полиција, како и В.П., вработен во МВР, РЦГР Исток), како овластени службени лица во текот на 2025 година постапувале спротивно на законските прописи и не спречувале кражба на дрва и пустошење шуми.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

„М.А. и В.П. не ја извршувале својата службена должност и не постапувале по издадените наредби за вршење на дејност, при што на лица во својство на организатори на кривични дела им оддавале информации поврзани со движење на контролните патроли од МВР и Шумска полиција во пределот на Берово и Струмица.

Исто така, не постапувале по однос на нелегалната сеча, иако претходно имале информации и биле запознаени со нелегалните активности и согласно своите овластувања и опис и попис на работни задачи биле должни да постапат, при што овозможиле други лица да се стекнат со противправна имотна корист од големи размери“, појаснува МВР.

Извор: НЕТПРЕС

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace