Со секој истрчан километар, ја откриваме сопствената издржливост и ја градиме внатрешната сила. Трчањето не е натпревар со другите, туку лично патување кон рамнотежа и мир.
Виз Ер Скопски маратон 2025 е токму прилика да се доживее чувството на слобода, инспирација и заедништво.
Регистрацијата за маратонската трка (42 км), полумаратонот (21 км), штафетниот маратон „ЕУ за спорт“ и трката на 5 километри, останува отворена до 19 септември, а сите што ќе се пријават најдоцна до 10 септември ќе го имаат своето име испечатено на стартниот број – мал, но значаен потсетник за нивното учество во маратонот.
Секој пријавен учесник добива богат стартен пакет кој носи повеќе од симболичен подарок: ваучер од 20 евра од Wizz Air (за учесниците на трката од 5 км ваучерот се доделува само со присуство на стартот), торбица, бесплатни фотографии од трката, медал за оние што ќе ја завршат маратонската, полумаратонската или штафетната трка, освежување и овошје, онлајн диплома, дигитален стартен пакет, осигурување за време на маратонот и специјални изненадувања од партнерите.
Пријавувањето е можно единствено преку официјалната веб-страница на маратонот, каде што сите заинтересирани можат да ја изберат својата трака, да ги погледнат деталите за стартниот пакет и да го осигураат своето место на стартната линија.
Не чекајте последен момент – пријавете се навреме и бидете дел од заедницата што трча со срце. Виз Ер Скопски маратон 2025 е можност да се постави нов почеток.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Поднесено обвинение за телесна повреда при семејно насилство во Битола
Предложен притвор за загрозување на сигурноста во Куманово
Потпишан петгодишен протокол за соработка со Универзитетот Тракија: обука за македонските здравствени работници во Едрене