БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Хероизам во најчиста форма

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

На денешен ден (07.09.1963 година) е родена Нирџа Банот.

Имала само 22 години на почетокот на 1986 година кога отпатувала од родната Индија во Мајами за да стане стјуардеса. По завршувањето на курсот, таа почнала да лета за компанијата „Пан Американ“ и набрзо напредувала во виш член на персоналот.

Така се случило Нирџа да биде дел од екипажот на летот „Пан Ам Лет 73“, од Мумбаи до Америка на кобниот 5 септември 1986 година, кога група терористи киднапирале авион на аеродром во Пакистан со 19 членови на екипажот и 361 патник.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Четворица вооружени мажи планирале да одлетаат за Кипар и да бараат ослободување на своите соборци од затвор во замена за ослободување на заложниците. Тие конкретно планирале да го искористат присуството на американски патници и членови на екипажот за своите планови.

Откако терористите се качиле во авионот, Нирџа успеала да ги информира членовите на екипажот кои го напуштиле авионот преку прозор на плафонот во кабината, кој не можел да полета поради овој потег. Сепак, девојката не се обидела да оди со нив, туку останала да им помогне на заробените патници. Терористите наредиле да се соберат сите пасоши на патниците за да можат да ги идентификуваат американските државјани меѓу нив. Заедно со неколку други стјуардеси, Нирџа сокрила 41 пасош за киднаперите да не можат да направат разлика помеѓу Американците и другите патници. По 17 напнати часа, терористите го изгубиле трпението и почнале да пукаат кон заложниците, истовремено поставувајќи експлозиви. Нирџа успеала да ја отвори вратата за итни случаи, но дури и тогаш останала со патниците, помагајќи им да излезат од кабината. Таа била застрелана додека штитела три деца од рафали од куршуми. Сè се случило само два дена пред нејзиниот 23-ти роденден.

Преживеана патничка посведочила за херојскиот потфат на младата Нирџа:

„Таа ги одведе патниците до излезот за итни случаи. Потоа терористите почнаа да пукаат рафално, плашејќи се од напад на командоси. Ја видоа Нирџа како неуморно се обидува да им помогне на патниците да го напуштат авионот, а потоа еден од терористите испука рафал кон неа“.

Од 360 патници, 20 беа убиени. Двајца од нив беа Американци. Таа беше меѓународно призната како „хероина на киднапирање“ и стана најмладиот добитник на наградата Ашок Чакра, најпрестижната награда за храброст во Индија.

Извор: Фејсбук

Креирано од:


Пренеси го гласот