Предизборната кампања за овие локални избори веќе влегува во завршна фаза. Граѓаните во голема мера имаа можност во оваа кампања да ги слушнат предизборните понуди на кандидатите во рамки на нивните кампањи. Но она што боде очи во овој предизборен период е бегството со јавно соочување во форма на дебата на кандидатите за градоначалници од СДСМ во повеќе општини на истокот од дравата.
Еден од таквите случаи е бегството од јавна дебата на кандидатката за градоначалник на општина Карбинци од СДСМ Љубица Соколовска која во своите јавни монолози изнесува тези кои што не одговараат со реалноста.
За ваквата состојба во јавност реагираше градоначалникот на општина Карбинци кој што е во трката за втор градоначалнички мандат кој што јавно ја повика кандидатката на СДСМ на јавна дебата, која упорно одбива да се појави за да ги вкрсти аргументите со граадоначалникот.
“Зошто против кандидатката Љубица Соколовска бега од соочување на дебата?
Ајде медиуми, ве повикувам, на било кој медиум во било кој термин до крајот на кампањата објавете јавна покана за дебата!
Да ги соочиме фактите пред манипулациите, вистината пред лагата и визијата пред црнилата на сдсм!
Граѓаните на општина Карбинци треба да слушнат, имаат право на вистината!
Делата или лагата!”
-напиша на социјалните мрежи Виктор Паунов- кандидат за втор градоначалнички мандат за општина Лозово од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Товарно возило удрило во мопед на магистралниот пат Штип-Делчево
Во ритамот на пијаното – најава за концерт на младата пијанистка Јулијана Јанев во Кочани
Експлозија на ел. бојлер во викенд куќа во Равна Река, пехчевско причина за повреда на 42 гидишна жена од Штип