Веќе неколку денови градежна оператива составена од градежни машини, технички персонал и инженери од Јавното претпријатие за државни патишта интензивно работат на целосна реконструкција и проширување на регионалниот пат кој што ги поврзува населбата Милково Брдо во градот Делчево и селото Габрово.
Моментално привршуваат асфалтерските завршни работи со што жителите на село Габрово добиваат нова современа сообраќајница за пристап на селото кон Делчево.
Претходно беа направени сите потребни подготовки за реализацијата на овој витален сообраќаен инфраструктурен проект за голем број граѓани на општина Делчево кои гравитираат кон овој дел од општината, согласно предвидената динамика беа завршени земјените работи за пробивање, тампонирање, валирање на планумот на патот како и формирање на земјаните банкини и канавки согласно диспозицијата на трасата на терен.
Според информациите од одговорните лица во ЈПДП станува збор за целосно асфалтирање и завршување на овој патен правец во вкупна должина од 3200 метри.
Главна карактеристика која е значајна за реализацијата на овој проект е што конечно после долги години потреба и барање од страна на жителите на село Габрово како и сите други граѓани кои што возат по овој пат, конечно сообраќајната врска меѓу селото и градот Делчево се прошири од 3,5, метри на 5 метри широчина на коловозот, што претставува сериозно подобрување на сообраќајните услови на оваа патна делница.
Проширувањето на патот се однесува на должина од 1700 метри од стационажа на излезот од град Делчево до влезот на селото Габрово кај селската црква Св. Димитриј.
Вкупната инвестиција за реализацијата на овој проект изнесува 22 милиони денари обезбедени од Буџетот на Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт.


СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Градоначалникот Гоцевски ги повика граѓаните на Делчево да го креираат новиот Буџет на општината
29 годишник од Кочани ја нападнал својата 35 годишна вонбрачна сопруга
Работник паднал во отворена шахта на неговото работно место во селото Градец, виничко