БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Средба на министерот Беким Сали со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација, Кристоф Зомер

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Министерот за европски прашања, г. Беким Сали, оствари средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Република Северна Македонија, г. Кристоф Зомер.

На средбата беа разгледани процесот на европска интеграција на Северна Македонија и спроведувањето на реформите поврзани со европската агенда, како и приоритетите на Министерството за европски прашања во наредниот период.

Министерот Сали истакна дека ЕУ интеграцијата и поврзаните реформи ќе бидат негов приоритет, со цел зајакнување на координациската улога на Министерството, унапредување на преговарачките структури и операционализација на механизмите за спроведување на Реформската агенда и Планот за раст.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Соговорниците се осврнаа и на активностите за финализирање на патоказите во областа на владеење на правото, реформата на јавната администрација и функционирањето на демократските институции, како и на значењето од подобрување на апсорпцијата на ЕУ фондовите и зајакнување на ИПА структурата.

Министерот Сали изрази благодарност за континуираната поддршка од Швајцарија за Северна Македонија, оценувајќи ја билатералната соработка и придонесот на швајцарските програми во области како демократско владеење, учество на граѓаните, локален и рамномерен регионален развој, родова еднаквост и прашања поврзани со водите.

Во тој контекст беше нагласено дека Швајцарската програма за соработка за Северна Македонија 2025–2028 е усогласена со реформските процеси на Владата и целите на европската интеграција, со вкупна вредност од околу 56 милиони швајцарски франци.

Министерот Сали и амбасадорот Зомер ја потврдија подготвеноста за натамошно продлабочување на соработката и координацијата во поддршка на реформите, институционалното зајакнување и напредокот во процесот на пристапување кон Европската Унија.

Креирано од:


Пренеси го гласот
HTML Image as link Интернет портал за афирмација на земјоделието
An image from Squarespace