Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов и Организацискиот одбор за одбележување на годишнината од трагичниот настан во Кочани, денеска одржаа прес-конференција, на која упатија препорака за достоинствено одбележување на 16 март, со длабока почит кон загинатите и со искрена грижа за закрепнување на повредените.
Во тој контекст, градоначалникот упати препорака до сите јавни институции и правни субјекти:
– Ги повикуваме институциите, во рамките на своите можности и организацијата на работниот процес, да покажат разбирање и да создадат услови граѓаните и вработените достоинствено да оддадат почит и да учествуваат во активностите посветени на сеќавањето на жртвите.Воедно упатуваме апел и до правните субјекти од приватниот сектор, согласно нивните можности, да ја поддржат оваа иницијатива и да придонесат кон достоинствено одбележување на овој ден на сеќавање.Наша заедничка обврска е да ги зачуваме сеќавањата, да покажеме почит кон загинатите и да останеме покрај повредените и нивните семејства.Кочани никогаш нема да ги заборави своите деца, но Кочани ќе продолжи да живее – со достоинство, со солидарност и со надеж – истакна Грозданов.

СЛИЧНИ ОБЈАВИ
Стручна работилница на тема „Дигитални решенија за одржливо земјоделско производство“
ВИНИЦА РЕЦИКЛИРА – 169.350 ПЛАСТИЧНИ ШИШИЊА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ!
Уште една голема инвестиција на владата во здравството за делчевчани: Две нови возила за ЈЗУ Здравствен дом ,,Гоце Делчев ” во Делчево