БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Реконструиран целосно локален пат во атарот на село Блатец, виничко

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Градоначалникот на општина Виница Митко Костадиновски ја информира јавноста за завршувањето на упте еден значаен инфраструктурен проект кој го подобрува животниот стандард на граѓаните.

Станува збор за реконструкција на локален пат во атарот на село Блатец кој во изминатите неколку денови беше целосно асфалтиран.

“Уште еден капитален инфраструктурен проект успешно го реализираме – завршуваме со асфалтирањето на локалниот пат Блатец – Детлово (втора фаза). Следува уште комплетирање на сообраќајната сигнализација.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Со реконструкцијата на локалниот пат од село Блатец до месноста Детлово е решен долгогодишен инфраструктурен проблем, пред сè за жителите на село Блатец, но и за сите земјоделци кои ги обработуваат своите површини од двете страни на оваа патна делница.

Со реализацијата на овој проект се заокружува реконструкцијата на целата релација Блатец – Детлово. Од вкупната должина од 5,5 километри, претходно беа реконструирани 3 километри, а со реконструкцијата на преостанатите 2,5 километри целосно е завршена оваа значајна сообраќајна врска.

Вкупната вредност на проектот изнесува 25.635.100 денари, средства обезбедени од Министерството за транспорт преку владиниот повик за инфраструктурни проекти, како и со учество од Буџетот на Општина Виница.

Продолжуваме посветено да инвестираме во модерна инфраструктура и во проекти што го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните и создаваат подобри услови за локален развој.”

-напиша на социјалните мрежи градоначалникот Костадиновски во врска со реализацијата на овој проект.

Креирано од:


Пренеси го гласот