БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Најава за одржување на Меѓународен конкурс на стрип “Велес 2026”

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го објави традиционалниот

МЕЃУНАРОДЕН КОНКУРС ЗА СТРИП.

Овој конкурс е составен дел од активностите од традиционалниот 23 Мегународен стрип салон “ Велес 2026‘-најзначајна стрип манифестација во државата. Истиот е финансиран од страна на Министерството за култура на Република Северна Македонија и Општина Велес .

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Пропозиции:
– Право на учество имаат сите автори од цел свет, без разлика на полот и возраста;
– Должината на стрипот да биде од 1 до 6 табли, и тоа на А4 формат (мин.300дпи ако се испраќа по електронски пат).

Доколку стрипот е на една страна треба да биде со најмалку 3 сликички.
– Стриповите нема да бидат вратени. Со самото испраќање организаторот се стекнува со право да ги објавува и презентира заедно со авторите во склоп на промоција на своите активности.
– Tемата на стрипот е слободна. Исклучок се прави за учениците од основно и средно образование коишо треба да се консултираат со своите училишта околу евентуалната тематика .
-Секој автор (билo цртач, туш, колор) може да учествува со само еден стрип. Исклучок има за сценаристите каде се дозволува едно лице да направи сценарио за повеќе стрипови.
– На еден стрип можат да работат повеќе автори (притоа да се напише кој што направил: сценарио, молив, туш…)
– Заедно со стрипот да се испрати лична биографија (име и презиме со фотографија, датум на раѓање, адреса и држава од каде е авторот, е-маил како и година кога е стрипот нацртан. Исто така на сите стрипови треба бидат наведени авторите како и називот на стрипот. Пристигнатите стрипови, без овие информации, нема да бидат земени во предвид за награди.
– Стриповите од македонски автори ќе имаат предност при оценување доколку бидат на македонски јазик и кирилско писмо.
– Сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за изложување во склоп на изложбата на Салонот на стрип ВЕЛЕС 2026 со реална можност за друг вид на промоција.
– Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија која што ќе направи избор и ќе ги предложи следните награди:
• Прва награда, 300 ЕУР – ”Златен стрип”, изданија и диплома за прво место.
• Втора награда ”Сребрен стрип’ .(во склад со финансиите)
• Трета награда,”Бронзен стрип” (во склад со финансиите)
• Награда за најдобро сценарио, диплома.
• Награда за најдобар млад автор до 18 години, диплома.
• Други специјални награди.

Рокот за испраќање е до 01.08.2026 година.
Тие може да се испратат на
a) Адреса: Стрип Центар на Македонија – Велес (за конкурсот)
Ул. Васил Ѓоргов, бр.78 ,1400 Велес, Република Македонија
б) Или преку Е-маил : stripkonkurs@gmail.com
За повеќе информации заинтересираните може да се јават на горенаведениот емаил или на тел +38978867327

Креирано од:


Пренеси го гласот