БРЕГАЛНИЧКИ ПОРТАЛ

ИДЕНТИТЕТ НА РЕГИОНОТ

Претседателот Костадиновски на средба со амбасадорот на Словенија, Грегор Прескер

HTML Image as link Имате потреба од нов веб сајт?
An image from Squarespace
Пренеси го гласот

Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со амбасадорот на Република Словенија во Република Северна Македонија, Грегор Прескер и заменик-амбасадорката Ника Ротар.

Претседателот Костадиновски го информираше амбасадорот Прескер за актуелностите и предизвиците со кои се соочува Уставниот суд, како и за активностите насочени кон зголемување на ефикасноста, транспарентноста и зголемување на довербата на јавноста во Судот.

На средбата беше нагласено и значењето на добрата соработка меѓу уставните судови на Северна Македонија и Словенија, како и потребата таа и во иднина да се развива преку организирање на заеднички активности и настани на кои ќе се разменуваат искуства и добри практики.

HTML Image as link НЕТКРИЕНО БОГАТСТВО ОД ТРАДИЦИЈА, ПРИРОДА, ИСТОРИЈА...
An image from Squarespace

Соговорниците ги истакнаа традиционално пријателските односи меѓу двете земји како добра основа за натамошно продлабочување на соработката.

Креирано од:


Пренеси го гласот